Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан продолжи да испишува историја во Реал (ФОТО)

Објавено

на

Реал Мадрид го оправда статусот на фаворит и славеше со 3-1 над Еибар во првиот меч во Примера по принудната пауза поради пандемијата со коронавирусот.

Реал победнички го продолжи патувањето во Примера (ВИДЕО)

Тони Крос, Серхио Рамос и Марсело беа стрелци за „кралевите“ во дуел кој беше јибилеен за тренерот Зинедин Зидан. Имено ова за Зизу беше 200 натпревар на чело на Реал Мадрид со што стана само третиот стратег со ваква бројка по Висенте Дел Боске и Мигуел Муњоз.

Дел Боске го водеше гигантот од Мадрид во 246 средби, додека пак Муњоз дури на 605 дуели.

Воедно за Зизу ова беше 90 победа во Ла Лига со што дојде на второто место (го мина Лео Бенхакер) на вечната листа на Реал зад Муњоз кој е недопирлив со 257 триумфи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни