Поврзете се со нас

Шпанија

Реал победнички го продолжи патувањето во Примера (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Реал Мадрид со победа над Еибар од 3-1 го продолжија настапот во првата лига на Шпанија.

Во првата средба по 8 март избраниците на Зинедин Зидан одиграа две различни полувремиња, прво пеколно во кое се им одеше од нога и второ во кое противникот беше главен на теренот. Фаворитот својата доминација во првото полуреме ја круниса со три погодоци преку Крос, Рамос и Марселона.

Германецот во 4 со мајсторски удар го отворе резултатот, потоа капитенот Рамос на асистенција на Азар стрелаше за 2-0 за да потоа погоди и Марсело.

Продолжениот му припадна на Еибар, меѓутоа само еднаш успеа да ја испрати топката зад грбот на Куртоа и тоа во 60 минута преку Бигас.

Реал сега има 59 бода и останува на второто место зад Барселона. Во следната рунда „кралевите“ ќе ја пречекаат Валенсија на стадионот „Алфредо Ди Стефано“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни