Поврзете се со нас

Свет

ВТБ лигата го истакна Македонецот: Спектакуларна акција и цепелин на маестро Нено (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/unicsbasket

Ненад Димитријевиќ прерасна во главна ѕвезда во ВТБ лигата и ги воодушевува искрените љубители на кошарката во Русија од коло во коло, а денеска доби признание за акцијата која го одбележа мечот меѓу Уникс и Локомотив Кубан.

Репризата од минатогодишното финале донесе тесен меч во кој Уникс победи со 70:66, на кој клучен фактор одново беше македонскиот репрезентативец.

Неколку дена по спектакуларното издание против Полска, Нено се стави на располагање на своите соиграчи и беше лидер во важната победа, триумф со кој неговиот Уникс се искачи на прво место.

Димитријевиќ запиша 23 поени со извонредна реализација на шутевите, но овојпат се погрижи и за еден цепелин кој беше одбележан од ВТБ лигата.

– Дефанзивецот е обично тој кој креира цепелини, но овојпат тој ја заврши акцијата, – гласи објавата на ВТБ лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни