Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Веспрем го потврди новиот тренер и ракометарите кои го напуштаат клубот

Објавено

на

Унгарски Веспрем, во кој настапува нашиот репрезентативец Дејан Манасков, зад себе остава неуспешна сезона во која покрај раната елиминација во Лигата на шампионите, остана и без титулата во домашното првенство.

Тоа беше и главна причина што раководството реши да направи поголеми промени, вклучувајќи ја и смената на тренерот Давид Дејвис, чиј наследник беше промовиран денеска.

Нов тренер на Веспрем ќе биде поранешниот бек на оваа екипа, Момир Илиќ, кој ја започнува тренерската кариера во екипата во која настапуваше повеќе сезони, а ќе му помага Петер Гулјаш, уште еден екс играч на оваа екипа.

Унгарскиот клуб денеска го потврди заминувањето на Кент Тонесен, Николај Маркусен, Данил Шишкарев и Вуко Борозан.

Веспрем денеска ги доби и противниците во групата од Лигата на шампионите, а тоа се ПСЖ, Барселона, Порто, Кјелце, Флензбург, Мотор и Динамо Букурешт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни