Поврзете се со нас

Светски првенства

Ван дер Варт: Тоа што го направи Меси не е воопшто смешно

Објавено

на

Поранешниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт јавно го критикувал Лионел Меси за неговото однесување по дуелот со Холандија.

Неколку дена по четвртфиналето, Ван дер Варт гостувал во студиото на „НОС“ и упатил критики до аргентинската ѕвезда, потенцирајќи дека воопшто не бил воодушевен од неговото однесување и навредите упатени на сметка на Вегхорст и Луи ван Гал.

– Некому можеби му е смешно, но без разлика што бевме елиминирани, тоа однесување страшно ме иритира.

– Мислам дека Меси не покажа почитување кон колегите и кон Ван Гал.

– Знаеме дека Ван Гал минува низ тежок период (рак на простата), не гледам зошто некој би се вознемирувал толку многу од изјава на противнички селектор, – рекол Ван дер Варт.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни