Поврзете се со нас

Германија

Случај „детска порнографија“: Германските медиуми го пренесоа говорот на Мецелдер од судот во Дизелдорф

Објавено

на

Германските власти веќе извесно време водат истрага против Криштоф Мецелдер поради дистрибуција на детска порнографија, материјали кои биле пронајдени во неговиот телефон, а истите биле препратени до три повозрасни жени со кои се допишувал преку социјалните мрежи.

Поранешниот германски репрезентативец денеска за првпат се појави во судот во Дизелдорф каде му се суди за поседување и пренесување детска порнографија, па медиумите од Германија ова попладне го пренесоа и неговиот првичен говор пред судијката која ќе го има главниот збор при изречувањето на казната.

Судијката Астрид дозволила Мецелдер да се огласи пред присутните новинари за делото кое датура од 2019-та година, по што побарала повлекување на претставниците на медиумите, со напомена дека ќе ги разгледа сите докази пред да донесе конечна одлука.

– Бев повлечен и не кажав ништо во изминатата година и половина. Моментално не сум во врска и имам една ќерка од претходна врска. Се образував во средно училиште, а потоа потпишав за Борусија Дортмунд. Потпишав и за Реал Мадрид после седум години во Борусија, а потоа и за Шалке. Во 2013-та година, мојата кариера заврши поради повредите, а потоа основав агенција за маркетинг и станав аналитичар за неколку телевизии. Бев дел и од социјални организации, инаугурирав и сопствена фондација за помош на ранливите категории.

– Горд сум на годините во кои работев како волонтер, но поради сето ова, сакам да ги вратам сите јавни награди кои ги добив. Сакам да го вратам орденот од Вестфалија, сите мои волонтерски работи се завршени. Сакам да напоменам дека ја прифаќам секоја казна која ќе ми се одреди. Барам прошка од жртвите, ќе ја носам таа вина во себе до крајот на животот. Јас само проследив фотографии до кои дојдов на интернет, – порачал Мецелдер.

Според доказите, во телефонот на Мецелдер кој му бил одземен, биле пронајдени преку 200 фотографии со детска порнографија, а судијката  Астрид најавила дека најблагата мерка ќе биде условна казна од девет до дванаесет месеци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни