Поврзете се со нас

Италија

Секулов како Фаџоли: Талентот на Јувентус со македонско потекло има нов тим

Објавено

на

Фото: www.uscremonese.it

Никола Секулов ги мина најголемиот дел младински категории во Јувентус, а последната сезона беше еден од најдобрите во вториот тим на „бјанконерите“, кој настапува во третата лига (Серија Ц).

Италијанецот со македонско потекло го привлече вниманието на повеќе клубови, а на крајот реши да го следи примерот на малку повозрасниот Николо Фаџоли.

Секулов следната сезона ќе настапува во Серија Б и тоа во дресот на Кремонезе, со што ќе собере дополнително искуство во поквалитетна лига, а ќе остане и во конкуренција за влез во првиот тим на Јувентус некоја од следните сезони.

Фаџоли на ист начин го потврди својот потенцијал во Кремонезе во Серија Б, за сега да е еден од најважните играчи на Макс Алегри.

Секулов е роден во Италија и веќе настапуваше во младинските категории на „азурите“, додека неговите родители се родени во Македонија и подоцна преселени на „чизмата“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни