Поврзете се со нас

АТП

Сабаленка го закачи Ѓоковиќ и ја изнасмеа публиката во Мелбурн: Вау! Каков убав поглед имам! (ВИДЕО)

Објавено

на

Пред нас е првиот грен слем за оваа календарска година Австралија Опен, а пред почетокот на истиот беше одржан еден настан под наслов „Вечер со Новак пријателите“.

Ѓоковиќ беше во прв план, а дел од забавата беа Арина Сабаленка, Марија Сакари и Стефанос Циципас и притоа беше одигран меч во мешани двојки во кои Србинот настапуваше со тенисерката од Белорусија.

Беше интересно, Ноле во еден момент делеше знаци, но шоуто го украде Сабаленка која направи шега и ја изнасмеа публиката во Мелбурн.

-Вау! Каков убав поглед имам! Можеш ли да зумираш.Се надевам дечко ми не гледа, истакна насмеаната Сабаленка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни