Поврзете се со нас

Англија

Роџерс ја потврди повредата на Варди и испрати критики за едно правило

Објавено

на

Премиерлигашките клубови продолжуваат со своите активности во празничниот период, а Лестер ќе се соочи со следните ривали без Џејми Варди.

Менаџерот Брендан Роџерс им потврдил на медиумите дека искусниот напаѓач заработил повреда на дербито со Ливерпул, а тоа е лоша вест посебно што Келечи Ихеначо ќе настапува за Нигерија на Африканскиот куп на нации.

Предводникот на Лестер смета дека фактот што во Англија не важи правилото за пет замени влијаело на ситуацијата со Варди.

– Познавајќи го каков војник е и каков натпреварувачки дух има, не е чудно што не сакаше да ја напушти играта. Трчаше и се движеше откако веќе ја заработи повредата, сигурно ќе ни помогнеше ако имавме право на уште една замена, – изјавил Роџерс кој веќе ги имаше искористено трите замени на средбата.

Менаџерот на Лестер смета дека заморот од густиот распоред може да уништи нечија кариера.

– Заморот од играње натпревар на два или три дена може да донесе повреда на лигаментите на коленото или фрактура, а тоа се повреди кои можат да завршат нечија кариера. Фудбалерите се исцрпени и можат да направат задоцнети или несмасни стартови кои ги загрозуваат противниците, – потенцирал Роџерс.

Лестер денеска требаше да игра против Норвич, но тој натпревар е одложен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни