Поврзете се со нас

Македонија

РК Алкалоид го изнамачи тимот на Целје во првиот денешен натпревар од турнирот во Струга

Објавено

на

Фото: FB: Меѓународен ракометен турнир Струга - International hanball tournament

И денеска на програмата има натпревари кои се одржуваат во рамките на 50. Издание на Меѓунардониот ракометен турнир, Струга 2022 година.

На ракометното игралиште „Горан Попоски Бабец“ денешниот ден го отворија РК Алкалоид и РК Целје кои понудија навистина возбудлив и тврд натпревар.

На крајот победата ја однесе фаворитот од Словенија кој славеше со 29:28 против тимот кој е нов суперлигаш во Македонија.

Покрај теренот имаше и искри затоа што Кире Лазаров како тренер на Алкалоид и Алем Тоскиќ како предводник на Целје си заменија неколку зборови, по што и двајцата беа исклучени заработувајќи црвени картони.

Што се однесува до стрелците, Стојков беше најефикасен кај Алкалоид со шест погодоци, четири постигна Серафимов кој пропушти удар и за реми на овој натпревар.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни