Поврзете се со нас

Италија

Ретеги за преселбата во Серија А: Јас имам силна…

Објавено

на

Матео Ретеги е еден од играчите кој е доста интересен за клубовите во Серија А особено откако неочекувано стана италијански репрезентативец и во своите први два натпревари даде два погодоци.

Со ова тој го привлече вниманието, па во редот за неговите услуги се клубови како Наполи, Интер, Милан, Јувентус…но 23 годишниот напаѓач е мирен иако признава дека е можно да дојде до трансфер во летниот преоден рок.

-Јас сум многу смирен, не размислувам за иднината. Можно е да има трансфер на средина на сезоната, но јас имам силна врска со клубот што е најважната работа, -порача Ретеги.

Инаку тој е под договор со Бока Јуниорс, ама како позајмен играч настапува за Тигре.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни