Поврзете се со нас

Италија

Пулишич ќе ја земе бројката на Златан во Милан (ФОТО)

Објавено

на

Кристијан Пулишич ќе го засили Милан кој беше упорен и на крајот успеа да ги обезбеди услугите на репрезентативецот на Соединетите Американски Држави.

Офанзивецот допрва ќе ја има својата промоција на „Сан Сиро“, но според медиумите тој го избрал бројот на дресот со кој ќе настапува во новата сезона.

Тој ќе ја земе единаесетката која досега му припаѓаше на Златан Ибрахимовиќ, ама истата остана слободна со оглед на тоа што Швеѓанецот замина во пензија. Во игра била и „22-ката“ која во минатот ја носеше легендарниот Рикардо Кака.

Пулишич е четврто освежување за „црвено-црните“, претходно беа потврдени ангажманите на Лука Ромеро, Марко Спортиело и Рубен Лофтус Чик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни