Поврзете се со нас

Свет

ПСВ освои титула против Ајакс, Ван Нистелрој издоминира во соблекувалната (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSV

ПСВ не може да го загрози Феенорд во битката за шампионската титула во домашното првенство, но навивачите на овој клуб добија навистина добра причина за славје измиантиов викенд.

Тимот од Ајндховен го освои вториот трофеј под водство на легендарниот Руд Ван Нистелрој оваа сезона, па така по успехот во Суперкупот, сега триумфираше и во националниот Куп.

Во големото финале против Ајакс, на крајот решаваше пенал рулетот и беше навистина драматично, но на крајот повеќе нерви имаа фудбалерите на ПСВ.

Од редовите на Ајакс видовме три нереализирани пенали од Броби, Тимбер и Алварез, а тоа му овозможи на ПСВ да победи со 3:2 во пенал рулетот.

Во регуларниот дел, натпреварот заврши 1:1, а вистински хит по финалето стана импресивниот танц кој го изведе Ван Нистелрој во соблекувалната на тимот од Ајндховен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни