Поврзете се со нас

Франција

Нагелсман и ПСЖ ги прекинале преговорите, познат и последниот адут на францускиот клуб

Објавено

на

Јулијан Нагелсман долго преговараше со ПСЖ околу евентуално преземање на тренерската позиција во францускиот клуб, но „Лекип“ денеска пренесе дека тие преговори се завршени неуспешно.

Двете страни не успеале да најдат заеднички јазик за повеќе отворени прашања, по што доскорешниот тренер на Баерн се повлекол од идејата да се пресели во Париз.

Според „Лекип“, ПСЖ продолжува да бара наследник на Кристоф Галтие и сега главен фаворит ќе биде Тиаго Мота.

Италијанецот е поранешен фудбалер на францускиот првак и актуелен тренер на Болоња, ужива посебен респект кај Насер Ал Келаифи и се чини дека е многу блиску до најодговорната работа во досегашната кариера.

Раководството на ПСЖ веќе станало и нервозно во однос на одолговлекувањето на одлуката, посебно поради фактот што преодниот рок е започнат, па затоа се очекува следната недела да биде клучна за решавање на ова прашање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни