Поврзете се со нас

Италија

Мурињо откри дека носел микрофон на дуелот со Монца: Не сум глупав

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо повторно е топ тема во италијанските медиуми, а причина се неговите изјави по ремито на Монца и неговата Рома.

Португалецот го окарактеризира судијата Кифи како најлош судија во неговата тренерска кариера, за што доби и одговор од спротивниот табор, а може да ризикува и одредена казна од федерацијата.

Во меѓувреме, Мурињо на новинарите им открил дека уште од соблекувалната, па и целиот натпревар носел микрофон, со кој ја снимал целата комуникација со сите околу него, вклучувајќи ги и судиите.

– Не сум глупав и затоа излегов на теренот со микрофон.

– Имам снимено се што се случуваше од напуштањето на соблекувалната, морам да се заштитам, – изјавил Мурињо.

Португалецот неодамна влезе во конфликт со четвртиот судија Марко Сера, за кого беше утврдено дека му испратил несоодветни зборови на тренерот на Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни