Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонските ракометари го добија противникот за баражот за СП

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација денеска го доби противникот со кој ќе се соочи во баражот за Светското ракометно првенство, а тоа е репрезентацијата на Фарските Острови.

Селекцијата која бележи огромен напредок и беше учесник на се уште актуелното Европско првенство ќе биде пречка за македонскиот состав на патот кон мундијалот, а нашата репрезентација ќе биде домаќин на вториот дуел.

Двомечот ќе се игра во првата половина на мај, односно на 8. мај е закажана првата средба, а реваншот треба да се одигра четири дена подоцна.

СП во 2025 година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Хрватска.

Од останатите парови се издвојуваат дуелите на Шпанија и Србија, односно Словенија и Швајцарија, по што е јасно дека на мундијалот ќе недостасуваат дел од учесниците на последното ЕП.

Пласман на СП веќе обезбедија кодомаќините, Шведска, Франција и Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни