Поврзете се со нас

Свет

Маестро Нено во акција: Димитријевиќ со неверојатна партија оствари личен рекорд во ВТБ лигата

Објавено

на

Foto:instagram.com/unicsbasket

Уникс Казањ влезе во препознатливиот ритам и врза трета победа во ВТБ лигата, натпреварување кое денеска понуди натпревари на двата најдобро рангираните тима на табелата.

Уникс забележа победа на домашен терен над Саратов со резултат 89:71, меч кој сигурно долго време ќе го памети македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој забележа личен рекорд во ВТБ лигата.

Нено го поправи својот учинок од минатата сезона и денеска имаше неверојатна партија со 35 поени, 6 асистенции и исто толку скокови, но македонскиот плејмејкер успеа да украде и четири топки.

Ова МВП издание на Димитријевиќ беше повеќе од добра инспирација за фаворитот да запише победа на домашен терен, со која само се зацврсти на второто место на табелата.

Прва и натаму е ЦСКА на нашиот стратег Рајковиќ, која денеска славеше над МБА Москва со 88:52.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни