Поврзете се со нас

Свет

Лазаров тврди дека Данецот давал лажна слика за ракометот: Изненаден сум од одлуката на Хансен

Објавено

на

Данската телевизија „ТВ2“ прва пренесе дека Микел Хансен ќе замине во репрезентативна пензија, 12 часа пред легендарниот ракометар да одржи прес-конференција и самостојно да објасни зошто се повлекува од играта која најмногу ја сака.

Фантастичниот дански ракометар има 36 години и според многумина тој има уште неколку сезони на највисоко ниво, но Хансен му даде приоритет на семејството и заклучи дека е време да им се посвети на своите најблиски.

Целта на Хансен е достојно да се одјави со настап на Олимписките игри во Париз, а во прилогот кој го направи „ТВ2“, за издвојување е изјавата која ја дал најдобриот македонски ракометар во историјата, Кирил Лазаров.

– Да бидам искрен, останав изненаден од веста дека Хансен ќе ја заврши кариерата ова лето. Не очекував толку рано да каже „збогум“. Според мене, тој се уште игра на високо ниво, како во клубот, така и во репрезентацијата. Микел е автентичен и еден од најдобрите во историјата на нашиот спорт.

– Тој можеби е ракометарот со најдобри технички изграден шут и со најдобро додавање во историјата. Уживав и во моментите кога играв против него, но и кога само го гледав од страна. Кога го гледате Микел Хансен, ви изгледа како ракометот да е едноставна игра, а воопшто не е така, – изјавил македонскиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни