Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта: Сите играчи од светска класа сакаат да играат за Барселона

Објавено

на

Барселона имаа проблеми на финансиски план, но во последнива две години успева да најде решение и да состави екипа која е конкурентна и може да се бори за титули.

Минатата сезона донесе неколку играчи од висока класа, а и во овој летен период е на добар пат тоа да го повтори затоа што според информации ново засилување за нив ќе биде Илкај Гундоган. Гундоган имаше клучна улога во Манчестер Сити, беше незаменлив кај Пеп Гвардиола и неговото доаѓање на „Камп Ноу“ ќе биде од голема помош за тренерот Чави Ернандес.

Ангажиран е и повремениот шпански репрезентативец Ињиго Мартинез, треба да пристигне и големиот бразилски талент Витор Роке што значи дека актуелниот шампион одлично си ја врши рабоата.

-Пазарот реагира добро, адекватно и до тука можам да читам. Можам да ви кажам дека играчите од светска класа и даваат приоритет на Барселона, -порача претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни