Поврзете се со нас

Италија

Киеза: Се радувам што повторно му помaгам на Јувентус, ќе го вратиме клубот каде што заслужува

Објавено

на

Јувентус успеа да слави над Монца (2-1) и со тоа да обезбеди билет за четвртфиналето во Купот на Италија.

Како човек на одлука се покажа Федерико Киеза кој влезе во второто полувреме, па по една соло акција и мајсторски удар погоди за победа и дуел со Лацио.

-Ова беше ужасна година за мене. Сега сум фокусиран на напорни тренинзи и враќање во оптимална форма. Да речеме дека треба повторно да се навикнам да играм на секои три дена. Сè уште не сум сосема подготвен, но се обидувам да му помогнам на тимот колку што можам, откако не можев да го направам тоа цела година, -рече Киеза за кого ова беше прв гол по долгата пауза поради повреда.

Антов му го искина дресот на Федерико, упорниот Киеза мајсторски погоди за Куп победа на Јувентус (ВИДЕО)

-Против Наполи одигравме многу лошо, не бевме доволно агресивни. И честитам на Монца за одличната игра. Ние добро се браневме, бевме агресивни кога доаѓаат до нашиот шеснаесетник, но и знаевме дека можеме да постигнеме гол во секој момент. Сепак мора да играме подобро. Мораме да го подигнеме нивото уште повеќе. Натпреварот против Аталанта ќе биде фундаментален за да се вратиме на вистинскиот пат по неуспехот против Наполи. Заедно со новата управа ќе се обидеме да го вратиме Јуве таму каде што заслужува Мораме да ја завршиме нашата работа на теренот, а директорите ќе си ја завршат својата работа надвор од тоа, -порача крилниот напаѓач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни