Поврзете се со нас

Италија

Интер броеше до шест во Верона, голем кикс на Милан во борбата за ЛШ

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Составот на Интер ја забележа најубедливата победа на средбите кои вечерва се одиграа во најсилниот италијански фудбалски шампионат.

Избраниците на Симоне Инѕаги ја прегазија Верона на нејзин терен со фантастични 6-0 што е уште една потврда дека „нероаѕурите“ се во добра форма во завршницата на оваа кампања. Се започна со автоголот на Гаич во 31 минута по што следуваа головите на Чалханоглу, Џеко, Мартинез, повторно Џеко и Мартинез ја комплетирање на шоуто на „Марк Д’Aнтонио Бентегоди“.

Лацио пак по двата порази од Интер и Торино се врати на вистинскиот пат против Сасуоло со славје со 2-0 со головите на Андерсон и Башиќ.

Голем кикс во трката за ЛШ направи Милан кој одигра само реми против аутсајдерот Кремонезе. Домашниот тренер Пиоли ги измеша картите, многу важни играчи остави на клупа и тоа му се удри од глава.

Окереке во 77 минута го шокираше „Сан Сиро“, додека Месијас во 93 минута го спаси шампионот од пораз.

Монца и Рома пак одиграа без победник 1-1.

Наполи со 79 бода е прв, втор е Лацио со 64, следи Јувентус со 63, Интер со 60, а од 5. до 7. место Аталанта, Милан и Рома имаат по 58 бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни