Поврзете се со нас

АТП

Ѓорческа ја освои титулата во Сплит, Ивановски и неговиот колега поразени во полуфиналето во Дубровник

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/ItsCup2013

Лина Ѓорческа веќе неколку години е најдобра македонска тенисерка и на одличен начин ја претставува нашата земја, а денеска успеа да се закити и со својот 13-ти трофеј во кариерата.

Ѓорческа оваа седмица играше на турнирот во Сплит во игра на двојки заедно со Вероника Ерјавец од Словенија, тандем кој денеска немаше никакви проблеми во финалето во Сплит.

Во меч во кој траеше само 63 минути, Ѓорческа и Ерјавец ги надиграа Радишиќ и Вурт со 6:1 и 6:4, што значеше дека Лина го крши мразот во 2023-та година и ја освојува првата титула.

Во машка конкуренција, свој меч во двојки во Хрватска имаше и Калин Ивановски, но најдобриот наш тенисер за жал не успеа да се пласира во финалето во Дубровник.

Калин и неговиот партнер Лука Миркут беа поразени од првите носители Адам Тејлор од Австралија и Ерик Ваншелбум од Украина, и тоа после тешка со 6:7 и 3:6.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни