Поврзете се со нас

Франција

Галтие воочи еден проблем по елиминацијата и заклучи: Нема потреба да го убедувам Мбапе во проектот на ПСЖ

Објавено

на

Кристоф Галтие се најде на удар по новата елиминација која ја доживеа ПСЖ во Лигата на шампионите, но додека медиумите пишуваат дека тој ги брои последните месеци како тренер на „светците“, искусниот стручњак се пожали на неактивноста која ја имаше клубот во зимскиот преоден рок.

Додека најголем дел од европските великани пополнија дел од позициите кои беа проблематични, ПСЖ беше доста тивок во зимскиот преоден рок, па Галтие беше приморан доста да комбинира и експериментира откако му се повредија неколку важни играчи.

– Ова беше необична сезона поради мундијалот и тоа се знаеше од претходно. Имавме и многу повреди и одредени играчи бараа мотивација после Светското првенство.

– Не сакам да обвинам никого, но има проблем кога нема да донесете едно или две засилувања во зимскиот преоден рок, – изјави денеска Галтие на пресот во Франција.

– Изјавата на Мбапе? Немам потреба да го убедувам Мбапе да верува во проектот на ПСЖ. Секој играч ќе дадеше слична изјава после елиминација. Тој е одлучен во тоа што го прави и може да го однесе тимот до големи успеси, – додаде стручњакот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни