Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер без проблеми до место во финалето на ракометниот Куп

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога против Пролет и обезбедија место во саботното финале на фајнл-фор турнирот во македонскиот ракометен Куп.

Првиот дуел од завршницата во машка конкуренција им припадна на битолчани со 28:21, со што Еурофарм Пелистер и годинава ќе игра во финалето и ќе има можност повторно да се брани за трофејот.

Кузмановски со седум голови беше најефикасен на теренот во Охрид и го предводеше фаворитот до победа, по што Пелистер сега ќе го очекуваат победникот од второто полуфинале.

Палевски со шест погодоци ги предводеше реализаторите кај Пролет, кој сепак не успеа да направи подвиг во полуфиналето.

Актуелниот освојувач Вардар и Алкалоид вечерва играат во второто полуфинале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни