Поврзете се со нас

Свет

Директор на Шахтјор: Никогаш нема да играме во руска лига

Објавено

на

Украинскиот клуб Шахтјор не планира во иднина да биде дел од руската фудбалска лига, без разлика каква ќе биде ситуацијата во Донбас, односно Доњецк.

И во минатото Шахтјор играше натпревари како домаќин во други украински градови, а генералниот директор Сергеј Палкин ги навести плановите на клубот кој најчесто е дел и од Лигата на шампионите.

– Во 2014 година го напуштивме Доњецк и игравме натпревари во Харкив, Лвив и Киев. Но, сето време имаме само еден сон, а тоа да се вратиме во нашиот град. Веруваме дека Доњецк и Донбас ќе остане дел од Украина.

– Ако останеме без тој сон, ќе продолжиме да го правиме истото, но ќе биде тешко да не играме на својот стадион и да не тренираме во нашиот тренинг центар.

– Едно е сигурно. За ништо на светот не би учествувале во руска лига, ние сме украински клуб и ќе играме во украинското првенство. Нашата позиција е дека никогаш нема да играме во руското првенство, – изјавил Палкин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни