Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дибиров ја посочи најсилната страна на Порто и нагласи: Сакаме да потврдиме дека сме на добар пат

Објавено

на

ФОТО: РК Вардар 1961

По фантастичното издание кое го имаат против Флензбург, играчите на Вардар сакаат да продолжат со добрата игра и прикажување на далеку подобро лице и против следниот противник на домашен терен, а тоа ќе биде тимот на Порто кој делува навистина разиграно на стартот на сезоната.

Португалскиот тим утревечер ќе гостува во Скопје со биланс од две победи и два порази во групната фаза, но и со разбранет Никола Митревски кој брилјираше на последниот меч против Пик Сегед на кој беше најзаслужен за остварениот триумф.

– Натпреварот ќе биде многу тежок. Ситуацијата е интересна, победивме силен противник, сега сакаме секој меч да напредуваме малку по малку. Што се однесува до Порто, сакаме да потврдиме дека победата со Флензбург е нашиот добар почеток, сакаме да ги пренесеме нашите идеи на теренот и за нас е важна секоја победа.

– Знаеме дека Порто е силен противник, сеедно име е дали играат на гости или дома, незгодни се со тактиката 7 на 6, тоа е нивниот најдобар аспект во играта и го играат најдобро кога е најпотербно. Ние сакаме да потврдиме дека сме на добар пат, дека можеме подобро, сакаме нашата добра авантура да почне од мечот со Флензбург. Нема лесен противник, но дома мораме да победуваме и да играме уште подобро од мечот од Флензбург, – нагласи Дибиров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни