Поврзете се со нас

Шпанија

Дембеле откри како го викаат соиграчите во Барселона: Сега играм како…

Објавено

на

Усман Дембеле ја игра најдобрата сезона во дресот на Барселона, тој конечно ги надмина проблемите со константните повреди, фати ритам и сега е редовен во првата постава кај Роналд Куман.

Тој почна да прави разлика на теренот, па тие негови изданија придонесоа медиумите да говорат за тоа дека веќе е седнат на маса и преговара за нов договор со Барселона, ама тоа не е вистина.

-Нема преговори за нов договор, ама добро се чувствувам, -истакна Дембеле кој потоа кратко проговори за капитенот Лионел Меси.

-Тој им дава самодоверба на младите. Многу ни помага, ми дава совети, -вели Французинот кој често игра како централен напаѓач во Барселона, па поради тоа добил ново име во соблекувалната.

-Сега играм како напаѓач, во соблекувалната ме викаат Самуел Ето, -отрки Усман за „Беин Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни