Поврзете се со нас

Македонија

Давидовски со најдобар резултат сезонава во ТЦР Европа, утре стартува од пол-позицијата на „Пол Рикар“

Објавено

на

Виктор Давидовски го освои шестото место на првата од двете планирани трки викендов на патеката „Пол Рикар“во Франција, остварувајќи го најдобриот пласман сезонава во ТЦР Европа првенството.

Членот на Comtoyou тимот го најави одличниот викенд со брзите времиња на тренинзите и во квалификациите, за во трката да стигне до шестата позиција и да освои 21 поен во генералниот пласман.

Давидовски веќе традиционално издоминира во рамките на битката за „дијамантскиот“ трофеј, а неговиот резултат е надополнување за еден-два победата на Comtoyou.

Победник денеска беше Том Коронел кој стартуваше и од пол-позицијата, додека водечкиот во генералниот пласман, Франко Џиролами го освои второто место. Победничкиот пиедестал го комплетираше Италијанецот Феличе Јелмини.

По денешната трка, Давидовски е на 12. место во генералниот пласман со 38 освоени поени, а утре ќе атакува на уште еден успешен настап бидејќи ќе стартува од пол-позицијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни