Поврзете се со нас

Пливање

Блажевска Еминова постави нов македонски рекорд на ЕП во Рим

Објавено

на

Македонската пливачка Миа Блажевска Еминова постави нов национален рекорд во дисциплината 50 метри грбно и тоа на денешниот настап на Европското младинско првенство.

На настапот во квалификаците во Рим, Блажевска Еминова ја испливала делницата од 50 метри за 30:54 секунди, освојувајќи го третото место во својата група.

Нашата пливачка го освои 27. место од вкупно 34 натпреварувачки кои пливале во квалификациите.

Претходно, 15-годишната Миа имаше солиден настап и во други дисциплини, го освои 36. место од 72 пливачки на 100 метри слободен стил, а беше на 26. место од 50 пливачки во дисциплината 100 метри грбно.

Утре Еминова Блажевска ќе го заокружи настапот на Европското младинско првенство со настапот во дисциплината 50 метри слободен стил, а овие настапи се добра најава за нејзиното учество на претстојната Олимпијада во Токио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни