Поврзете се со нас

Репрезентација

Бејтулаи е дополнително повикан за дуелите со Грузија и Бугарија

Објавено

на

Селекторот Благоја Милевски има доста проблеми пред мечевите со Грузија и Бугарија во Лигата на нации, односно поради повреди му откажаа неколку играчи кои беа на првичниот список и тоа Дарко Чурлинов, Стефан Ристовски и Ваљон Етеми.

Нови проблеми за Милевски: Ристовски и Етеми отпаднаа од комбинација за мечевите со Грузија и Бугарија

Поради ова Милевски засега се одлучи да повика еден нов играч и тоа е Егзон Бејтулаи од редовите на Шкендија. Бејтулаи може да игра како десен бек и централен дефанзивец, па ќе биде опција плус во одбранбената линија.

Останува да се види дали ќе има уште некое ново име во националниот состав кој денеска ги започнува подготвките за завршницата на Лигата на нации.

Првиот тренинг е закажан за  17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни