Поврзете се со нас

Свет

Австралија и Нов Зеланд шокирани од една одлука на ФИФА

Објавено

на

Фудбалските федерации на Австралија и Нов Зеланд ќе бидат коорганизатори на претстојното Светско првенство во женска конкуренција, но деновиве добиле загрижувачка вест од ФИФА.

Светската фудбалска федерација најави спонзорски договор со државната туристичка агенција на Саудиска Арабија, која е брендирана како „Visit Saudi“, нешто што ги шокирало организаторите кои не сакаат компанија од азиската земја на рекламните паноа на мундијалот.

Саудиска Арабија често е критикувана поради кршење на човечките права, а пред се и правата на жените, па затоа земјите од Океанија не можеле да поверуваат дека ФИФА решила да соработува со агенцијата за време на СП во женска конкуренција.

Јасно е дека ФИФА планира да инвестира најголем дел од средствата во женскиот фудбал, но од двете федерации побарале објаснување затоа што не биле консултирани за ваков договор во пресрет на турнирот.

Првенството ќе се одржи меѓу 20 јули и 20 август, а организаторите очекуваат натпреварите да бидат гледани од 2 милијарди луѓе во целиот свет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни