Поврзете се со нас

Англија

Арсенал дефинитивно ќе притиска за ангажман на репрезентативниот напаѓач на Англија

Објавено

на

Од таборот на Арсенал и дефинитивно одлучиле кој ќе биде примарна опција за ангажман во следниот летен преоден рок.

Микел Артета има проблем со офанзивата која е создадена од Пјер Емерик Обамејанг, Александре Лаказет и Еди Енкетија кои не секогаш прикажуваат врвни партии.

Лаказет веројатно ќе си оди по крајот на сезоната, а ќе си оди и Енкетија кој ќе замине во потрага по поголема минутажа.

„Дејли Мејл“ пренесува дека од Арсенал ќе сторат се на лето да го ангажираат напаѓачот на Евертон и репрезентативец на Англија, Доминик Калверт- Луин.

Калверт- Луин веќе неколку сезони игра на одлично ниво во Премиер лигата и со сигурност би бил од огромно значење за тимот на „топчиите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни