Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ги пушти во продажба билетите за дербито со Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Екипата на Вардар 1961 ги пушти во продажба билетите за дербито со Еурофарм Пелистер кое на 9 април од 18 часот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански”.

Цената на билетите се движи од 200 до 350 денари во зависност од блоковите, а истите ќе можат да се набават онлајн и преку продажната мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ.

За влез во сала ќе ви треба да имате купено билет, или испечатен ваучер што ќе го купите онлајн (може и во ПДФ формат на вашиот телефон).

Продажба на влезници за натпреварот ќе има и на билетарницата пред СЦ„Јане Сандански“, работното време на ќе биде вторник (9 април) од 12 часот па се до почеток на натпреварот.
Продажна мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ – https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations
Инаку Вардар и Пелистер пред овој меч имаат по уште еден предизвик во првенството, „црвено-црните“ ќе се соочат со Бутел, „зелено-белите“ пак му гостуваат на Алкалоид.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни