Свет
Ван Дајк за Ван Гал и наместената светска титула за Меси и Аргентина: Го слушнав што кажа…

Луи Ван Гал е еден стратег кој низ годините бил директен учесник во многу контроверзни ситуации, препирки, недоразбирања со играчите во клубовите кои ги има водено, па иако веќе е во осмата деценија во животот тој не се менува и одвреме навреме пак знае да изненади, шокира со некои свои изјави, ставови.
Токму таква беше последнава која дојде од нигде никаде дека Светското првенство во Катар била наместено, поточно се било направено за да Лионел Меси стане првак со Аргентина.
Ван Гал со бурна изјава: Беше наместено Меси да освои светска титула!
Оваа негова изјава предизвика бура, реакции, но колку држи вода неговиот став најдобро говори изјавата на холандскиот репрезентативец, Вирџил Ван Дајк на оваа тема.
-Го слушнав ова утро, навистина. И тоа е тоа. Тоа е секако негово мислење. Секому му е дозволено да има мислење. Не го делам истото мислење, -истакна стоперот кој запрашан за тоа дали холандската селекција стои зад ставот на Ван Гал тој кратко и јасно истакна „НЕ“.
Само да потсетиме Аргентина во еден тензичен натпревар ја елиминираше Холандија на Мундијалот во Катар. „Гаучосите“ водеа со 2-0, „лалињата“ во едне фото финиш дојдоа до 2-2 по што се играа продолженија, па пенали во кои јужноамериканците беа подобри изведувачи на ударите од 11 метри.
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 16 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 24 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Англијапред 19 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 18 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 16 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот