Поврзете се со нас

АБА лига

ТФТ водеше 16 разлика, па загуби од Подгорица во Нови Сад

Објавено

на

foto: druga.aba-liga.com/Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на ТФТ Скопје го претрпеа седмиот пораз на осмиот натпревар во регионалната АБА2 лигата.

На првиот меч на турнирот во Нови Сад, клубот од скопско Тафталиџе беше совладан од Подгорица со 88:83. Македонскиот претставник беше добар во првото полувреме каде во втората четвртина водеше и со 16 разлика, меѓутоа веќе до паузата таа позитива беше спуштена до четири (45-41) за да во третиот и четвртиот период подобро се снајде црногорскиот тим и обезбеди триумф во овој „балон“.

Луис со 19 и Зафиров со 17 кошеви беа први стрелци кај ТФТ кој во наредната рунда ќе се соочи со Суботица.

На другата страна Кљајевиќ се истакна со 29 коша и 7 скока.

„Петка“ на Симиќ, Ребец донесе драматична победа за Златибор (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни