АБА лига
„Петка“ на Симиќ, Ребец донесе драматична победа за Златибор (ВИДЕО)
Теодор Симиќ и неговиот Борац Бања Лука го загубија првиот меч на „балонот“ во АБА2 лигата што се игра во Нови Сад.
Во првата средба на овој турнир видовме вистинска драма која беше одлучена во последен момент и тоа со кошот на Јан Ребец кој донесе славје на Златибор Чајетина од 81:79.
Jan Rebec FOR THE WIN!
Presented by Mastercard | NLB@KKBoracBL | @ZlatiborKk #ABALiga2 pic.twitter.com/GSvRrQKeWb
— NLB ABA League 2 (@ABA_League2) January 29, 2024
Ова беше дуел во кој решаваа мали нијанси, па и среќа која беше на страна на Златибор кој сега има учинок 7-1 во ова натпреварување со што е лидер на табелата.
Македонскиот репрезентативец Симиќ кој полека се враќа во ритам по долгата пауза поради здравствени проблеми, постигна 5 поени, собра 6 скока и забележа 1 асистенција за 10 минути на теренот.
Бошковиќ со 22 беше негов најефикасен соиграч, додека кај победникот се издвои Стојичиќ со 15 кошеви.
Борац во наредното коло ќе се соочи со Широки Бријег.
-
Италија11 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија12 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија12 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија6 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Свет9 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија10 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија5 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч