Поврзете се со нас

ВТА

Стоилковска немаше сили за изненадување против втората носителка во Египет

Објавено

на

foto: www.mtftennis.mk/

Македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска го заврши настапот на ИТФ фјучерсот во Шарм Ел Шеик (Египет) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Стоилковска вчера одигра маратонски меч против Нина Рудикова, меч кој траеше три часа и истиот дефинитивно имаше влијание врз денешниот настап на нашата тенисерка која се соочи со уште поголем предизвик затоа што на другата страна на мрежата ја имаше втората носителка Јасмин Езат (20 години, 756 место ВТА).

Домашната претставничка беше убедлива во првиот сет и истиот го реши со 6-1, додека пак во вториот Магдалена ја поправи играта, беше подобра, но сепак фаворитката со 6-4 ја затвори битката и обезбеди пласман во четвртфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни