Меѓународни настани
Спорт Лајф со нова донација ја опреми педијатријата во Велес (Фото)

Sport Life обложувалниците донираа два кислородни концентратори наменети за Општата болница во Велес, а за потребите на детскиот оддел и одделот за неонатологија.
Донацијата на кислородните концентратори е од особена важност за најмладите пациенти кои се со респираторна засегнатост. Апаратите се со капацитет од 5 л. и овоможуваат континуирана кислородна терапија за децата и новороденчињата кои имаат пад на сатурацијата на кислородот во крвта поради најразлични ситуации и респираторни болести како астма, бронхит, пневмонии и др.
Во име на Општата Болница – Велес, д-р Елеонора Јованова ја истакна важноста на оваа донација: “Основен приоритет на нашата болница е да се овозможи квалитетен медицински третман на пациентите, а посебно обрнуваме внимание кога станува збор за најмладите кои се всушност и наша иднина, затоа и сме посебно благодарни на Sport Life што со нивната хуманост и солидарност, конкретно со оваа донација од кислородни концентратори ни овозможија тоа и да го оствариме.“
„Кога се работи за децата, негата за нив и нивното здравје е најважна и бескомпромисна. Среќни сме и чест ни е што можеме да придонесеме да се унапредат условите за нивна грижа и лекување во нашите медицински установи како што е болницата во Велес, кои денес во услови на пандемијата со ковид-19 се справуваат со бројни предизвици и го даваат својот огромен придонес за нас и нашето здравје.
Sport Life продолжува и понатаму како општествено одговорна компанија да ги препознава и поддржува хуманите цели и проекти во нашето општество“ – истакна Емил Димитров, извршен директор во Sport Life обложувалници.

- Англијапред 21 час
Гундоган призна дека бил пред трансфер во голем ривал на Манчестер Сити: Имаше разговори со нив
- Англијапред 20 часа
Манчестер Јунајтед на готовс, извршниот директор на Борусија Дортмунд не отфрли заминување на звездата на тимот
- Англијапред 19 часа
Бербатов типува: Ќе има доста голови на дербито на „Стемфорд Бриџ“, Ливерпул ќе ја прекине серијата на порази
- НБАпред 19 часа
Леброн не чекаше многу и му возврати на Ибрахимовиќ: Чудно од негова страна, јас нема шанси да седам настрана
- Англијапред 23 часа
Гундоган направи споредба меѓу двата великани: За Клоп умирате на теренот, чувството со Гвардиола…
- Италијапред 18 часа
Касано: Роналдо е големо промашување на Јувентус, ова беше погрешен проект
- Англијапред 21 час
Тухел се отвори за најтешкиот пораз во кариерата: Бев во темнина, не можев да зборувам два дена
- Англијапред 23 часа
Брус имаше блиска средба со Солскјер, па беше налутен од едно новинарско прашање: Сите мислат така или само ти?