Поврзете се со нас

Европски првенства

Шмајхел ја нападна УЕФА за случувањата на „Паркен“: Требаше да покажат повеќе почит!

Објавено

на

Легендарниот дански голман Петер Шмајхел ја критикува УЕФА поради фактот што дозволила да се доигра вчерашниот натпревар меѓу Данска и Финска на Европското првенство.

Дуелот беше прекинат пред крајот на полувремето откако Кристијан Ериксен колабираше, а лекарскиот тим успеа да му го спаси животот со навремената интервенција на теренот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.

Откако стана јасно дека Ериксен е стабилен и можел да разговара со најблиските, УЕФА доби зелено светло од двете репрезентации за доигрување на средбата, на која триумфираше Финска.

– Ова е ужасна одлука на УЕФА, требаше да се обидат да смислат друго сценарио и да покажат малку повеќе почит, но не го направија тоа.

– Тоа беа најтешките два часа во мојот живот. Толку лошо нешто се случи и УЕФА им даде можност на фудбалерите да се вратат на теренот и да ја доиграат средбата или пак да се вратат во недела во 12 часот за истата цел. Какви се тие опции?

– Резултатот е тотално неважен, како ли може да се игра во такви моменти? прашува Шмајхел сениор.

Неговиот син Каспер беше на теренот како актуелен голман на данската репрезентација и ги преживеа најстрашните моменти со своите колеги од националниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни