Поврзете се со нас

Англија

Ромеро по пет години си оди од Манчестер Јунајтед, но продолжува во Премиер лигата

Објавено

на

Аргентинскиот чувар на мрежата од Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро би можел да го напушти „Театарот на соништата“по крајот на оваа сезона.

Ромеро фигурира како резервна опција на Давид Де Хеа во Манчестер Јунајтед и по цели пет години минати како резервен голман би можел да ја промени средината за конечно да стане прв чувар на мрежата.

Според „ЕСПН“ сериозен интерес за Ромеро има од Марсело Биелса и Лидс кои обезбедија пласман во Премиер лигата за следната сезона.

Во овој момент во Лидс голмани се Кико Касилја и Јан Мејслер, но се верува дека искусниот шпански голман ќе си оди од клубот по крајот на сезоната.

Освен Лидс, за Ромеро се интересира и Евертон кој планира да го донесе како конкуренција за Џордан Пикфорд, но тоа за него ќе значи дека повторно ќе биде резервна опција, па подобро за него би било во тој случај да остане во Манчестер Јунајтед.

Аргентинецот има валиден договор со Манчестер Јунајтед до 2021 година, а истиот може да биде продолжен и за дополнителна една сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни