Поврзете се со нас

Евролига

Разочараниот Кампацо со порака: Изморен сум, ве молам пуштете ме да играм (ФОТО)

Објавено

на

Аргентинскиот репрезентативец, Факундо Кампацо пред некое време пристигна во редовите на Црвена Звезда, меѓутоа засега смее да игра само во АБА лигата.

Тој беше доведен пред се како големо засилување за Евролигата каде „црвено-белите“ сакаат да стигнат до плејофот, но поради кршење на финансискиот фер плеј плејмејкерот не може да биде регистиран, односно засега ќе биде во аут до месец март.

Тоа е голем временски период и Звезда се обидува што побрзо да го реши проблемот, кошаркарите на белградскиот клуб се појавија со маици „Ослободете го Факу“ на вчерашниот дуел со Валенсија, а и самиот играч испрати порака на социјалните мрежи:

-Изморен сум и тажен поради целата ситуација. Единствено што барам, ве молам пуштете ме да играм, -порача големиот борец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни