Поврзете се со нас

НБА

Разиграниот Леброн го однесе Лејкерс до петта победа во низа, Дончиќ доминираше со трипл-дабл (Видео)

Објавено

на

Во отсуство на повредениот Ентони Дејвис, Леброн Џејмс целосно ја презема одговорноста во Лос Анџелес Лејкерс, па иако многумина прогнозираа сериозен пад во формата која и онака не беше добра, „езерџиите“ рано утрово ја запишаа петтата победа во низа.

Разиграниот Леброн го водеше својот тим до петти триумф во серија во НБА лигата со 37 поени, 8 скокови и 7 асистенции, но мора да се нагласи дека имаше сериозна поддршка и од двајца свои соиграчи.

Томас Брајант уфрли 29, а Денис Шродер 27 поени во тесната победа на гостувањето над Сакраменто од 134:136, која прави сега Лејкерс да биде на само една победа за влез во местата кои водат во разигрувањето.

По тешкиот пораз од Бостон, Далас се врати на победничките патеки, а најзаслужен за тоа беше одморениот Лука Дончиќ кој запиша нов трипл-дабл.

Словенецот доминираше во свој стил и беше предводник во триумфот од 127:117 над Њу Орлеанс, завршувајќи го мечот со 34 поени, 10 скокови и исто толку асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни