Поврзете се со нас

Германија

Подолски брутално го нападна Мецелдер: Одвратно, заслужи жестока казна!

Објавено

на

Криштоф Мецелдер вчера за првпат се појави во судот во Дизелдорф и му се судеше за дистрибуција на детска порнографија, откако во неговиот телефон кој му бил одземен, биле пронајдени преку 200 фотографии со разголени слики на тинејџерки, кои ги препраќал на повозрасни жени во кои бил со комуникација.

Иако германските власти имаат тешка задача да докажат дека станува збор за посеризен облик и организирање на детска порнографија, судот во Дизелдорф вчера го одржа закажаното рочиште и поранешниот стопер на Борусија и Реал Мадрид како првообвинет за пренесување на слики кои содржат експлицитен материјал, даде и своја прва изјава пред медиумите по пауза од 18 месеци.

– Бев повлечен и не кажав ништо во изминатата година и половина. Моментално не сум во врска и имам една ќерка од претходна врска. Се образував во средно училиште, а потоа потпишав за Борусија Дортмунд. Потпишав и за Реал Мадрид после седум години во Борусија, а потоа и за Шалке. Во 2013-та година, мојата кариера заврши поради повредите, а потоа основав агенција за маркетинг и станав аналитичар за неколку телевизии. Бев дел и од социјални организации, инаугурирав и сопствена фондација за помош на ранливите категории.

– Горд сум на годините во кои работев како волонтер, но поради сето ова, сакам да ги вратам сите јавни награди кои ги добив. Сакам да го вратам орденот од Вестфалија, сите мои волонтерски работи се завршени. Сакам да напоменам дека ја прифаќам секоја казна која ќе ми се одреди. Барам прошка од жртвите, ќе ја носам таа вина во себе до крајот на животот. Јас само проследив фотографии до кои дојдов на интернет, – порача вчера Мецелдер во судот.

Во продолжение, беше пренесено дека Мецелдер се распалакал во моментите кога им се извинувал на тинејџерите кои биле своевидни жртви во неговите интернет преписки, а судијата Астрид одлучила дека поради ова дело, ќе доби 10-месечна условна казна.

Мецелдер наиде на сериозни критики во јавноста откако стана јасно дека поседувал срамен материјал со детска порнографија во својот телефон, а сега се јави и Лукаш Подолски кој овој скандал предизвикан од неговиот поранешен соиграч го нарече „одвратен“ на социјалните мрежи, пред да се огласи и за „Билд“.

– Казната не е праведна, не ја разбирам десетмесечната условна казна. Вакво нешто треба да биде казнето многу пожестоко. Половичното признание кое го имаше, не треба да биде доволно за да се донесе ваков суд за детска порнографија. Секој што се обидува да проследува вакви фотографии на кои има деца, треба да биде тешко казнет. Со вакви пресуди, децата остануваат во опасност, истото важи и за нивните родители. Оваа казна не е праведна за нанесената штета, – порача Подолски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни