Поврзете се со нас

Италија

Новиот тренер на Наполи ја испрати првата порака: Многу сум мотивиран и амбициозен…

Објавено

на

Фото:twitter.com/AlNassrFC_EN

Италијанскиот прволигаш Наполи дефинитивно го реши најважното прашање, наследникот на досегашниот предводник на екипата Лучијано Спалети.

Првиот човек на калчолигашот, Аурелио Де Лаурентис се одлучи за интересен избор и довербата му ја даде на некогашниот тренер на Рома, Руди Гарсија кој последниот ангажман го имаше во Ал Наср во Саудиска Арабија.

Гарсија најголемите успеси како тренер ги имаше како предводник на Лил, ама тоа беше пред повеќе од една деценија и времето ќе покаже дали Наполи направи вистинско избор со неговиот ангажман. Во меѓувреме Гарсија ја испрати првата порака и тоа преку социјалните мрежи.

-Какво задоволство да му се приклучам на проектот на Наполи. Какво задоволство да се вратам во Италија. Мотивиран и амбициозен повеќе од било кога да продолжам да ги носам боите на шампионот, -порача Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни