Поврзете се со нас

Франција

Не е Гатузо: Поранешен играч на Интер и Јувентус ќе го преземе Лион

Објавено

на

Екипата на Лион многу лошо ја започна новата сезона во Лига 1 каде по четири кола освои само бод и е на последното место на табелата, а тоа донесе реакција од раководството кое одлучи да му врачи отказ на француската легенда, Лоран Блан.

Поранешниот француски првак веднаш се впушти во акција по негов наследник и во медиумите се издвои името на Џенаро Гатузо. Меѓутоа последните вести кои доаѓаат се дека Лион се решил за друга опција, поранешен член на клубот, Фабио Гросо.

Гросо мина две години од играчката кариера во оваа средина и сега ќе се врати во истата со поинква улога. Фабио во изминативе години беше активен во неколку клубови во Италија и Швајцарија, но ова дефинитивно ќе му биде најголемиот предизвик во досегашната тренерска кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни