Поврзете се со нас

Шпанија

„Мундо Депортиво“: Гунгодан го парафирал договорот со Барселона во Минхен

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Каталонските медиуми веќе најавија дека Барселона има договор со Илкај Гундоган, а потврдата дојде вечерва со информација дека потпишувањето на истиот е завршена работа.

Германскиот репрезентативец бил домаќин на делегацијата на шпанскиот првак во Минхен, а по кратките финални преговори, вечерва ставил потпис на двегодишен договор со Барса.

Одличната вест за фановите на Барселона е потврдена од „Мундо Депортиво“, медиум кој претходно потврди дека спортскиот директор Матеу Алемани е уловен на аеродромот во германскиот град.

Досегашниот член на европскиот шампион Манчестер Сити со тоа го исполни ветувањето дадено на Чави уште пред некој месец, а а веќе ги минал и лекарските прегледи наменети за комплетирање на договорот со новиот клуб.

Гундоган е веќе второ засилување за Барса по Ињиго Мартинез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни