Поврзете се со нас

Европски првенства

Митревски: Го знаеме квалитетот на противникот, можеме повеќе да се носиме со нив отколку со Франција и Германија

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов

Македонија утре го игра последниот меч во групата А на Европското првенство, а ривал ни е селекцијата на Швајцарија.

Избраниците на Лазаров не успеаа ништо да направат во пресметките со фаворизираните Франција и Германија, па сега целта е да се прикаже подобра игра, издание кое ќе би донесе позитивен резултат против Швајцарците кои во втората рунда ремизираа со „триколорите“.

-Почнуваме од 0-0. Се подготвуваме за победа против Швајцарија, иако знаеме со каков квалитет располага противникот, поголемиот дел од нивните играчи настапуваат во Бундеслигата, најквалитетната лига на светот. Имаме еден ден да се подготвиме, видео анализа, тактичка замисла и да промениме нешто од претходните натпревари. Имаме квалитет, можеме да се носиме со Швајцарија повеќе отколку со Франција и Германија, па ќе видиме на крај, -рече нашиот капитен Никола Митревски кој се надева дека ќе ги намалиме техничките грешки.

-Ако нападот не функционира, противникот има контри и полу-контри секогаш е потешко да се брани, отколку кога имате поставен напад и одбрана. Мислам дека не бевме  толку лоши ‘шест на шест’, но не бевме добри во тоа враќање назад и спречување на контри на Франција и Германија.

-Овојмеч има резултатско значење за тоа кој ќе заврши трет со оглед на баражот за Светското првенство. Сакаме победиме како и на претходните два натпревари, но квалитетот беше на нивна страна. Веројатно и знаењето со оглед на тоа што не добија така лесно.  Утре повторно ќе излеземе на изиграме, дадеме максимум, па ќе видиме дали тоа ќе биде доволно. Мислам дека физички не сме изморени за да има голема разлика, иако е трет меч во групата. Можеби во претходните натпреварувања било поинаку, но сега имавме повеќе слободни денови меѓу првиот и вториот натпревар и мислам дека ќе бидеме физички подготвени, -порача Митревски.

Средбата се игра утре од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни