Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Меси и Мбапе го средија Бриж, РБ Лајпциг ги освои бодовите против Сити (Видео)

Објавено

на

ПСЖ беше убедлив на домашен терен на дуелот со Бриж од Лигата на шампионите (4:1), додека Манчестер Сити загуби на гостувањето кај РБ Лајпциг (2:1).

Францускиот тим не дозволи изненадување во Париз, па уште на полувреме водеше со 3:0, најмногу благодарение на првите ѕвезди Лионел Меси и Килијан Мбапе.

Мбапе реализираше во 2 и 7. минута и ја најави победата против Белгијците, а Меси со атрактивен гол во 38. минута ја зголеми предноста на домашниот тим. Ритс намали за Бриж, за во финишот Меси да заработи пенал, кој самиот го претвори во гол, втор за него, потврдувајќи ги конечните 4:1.

РБ Лајпциг изминативе денови остана без досегашниот тренер, но вечерва одигра мотивирано против лидерот во групата, Манчестер Сити.

Собослаи и Силва донесоа водство од 2:0 за бундеслигашот, а Марез во завршницата ги постави конечните 2:1. Поразот на Сити беше надополнет и со црвен картон за Вокер.

Без разлика на поразот, Сити остана на првото место во групата, со еден бод повеќе од ПСЖ, додека РБ Лајпциг ќе продолжи во Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни