Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Сакам Ѓоковиќ и Синер да играат седум часа и триесет минути…

Објавено

на

Данил Медведев излезе како победник од драматичната пресметка со Хуберт Хуркач кого успеа да го совлада со 3-2 во сетови по четири часа игра на арената „Род Лејвер“ во Мелбурн.

Русинот водеше со 1-0 и 2-1 во сетови, ривалот се враќаше во игра за да на крајот пресуден биде брејкот во седмиот гејм во решавачката рунда.

Сега Медведев го очекува меч со Александар Зверев против кого има позитивен учинок 11-7 во меѓусебните дуели, но третиот светски рекет сакаше да каже нешто повеќе за другото соочување во оваа фаза Новак Ѓоковиќ-Јаник Синер, поточно кој би бил посакуван ривал за него во евентуалното финале.

-Јаник игра многу добро сега, па ако бидам 100 проценти искрен, ако ме прашате кој би сакал да игра во финале… Новак, кој никогаш овде не изгубил, оди по некоја луда статистика или Јаник, кој не губи сет дури и кога губи 5:1 во тај-брејкот. Навистина не знам.

-Сакам да играат седум часа и триесет минути, тајбрејк 30:28 во петтио, па да видиме дали ќе бидат уморни во недела. Ќе го подготвувам мојот натпревар, но ако имам време да ги гледам Ѓоковиќ и Синер, ќе уживам. Имаа големо ривалство на крајот од сезоната во Дејвис купот, па навистина ќе уживам, – изјави рускиот тенисер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни