Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Магијата на Дисингер се најде при самиот врв на листата на најубави голови во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи во свој стил да ја заокружи кампањата 2020/2021, па така откако беше објавена Топ 10 листата на најмоќни одбрани на која место имаше за нашиот репрезентативец Никола Митревски сега е официјализирана листата и на најатрактивните погодоци на сезоната.

И тука има едно познато име-тоа е доскорешниот бек на Вардар, Кристијан Дисингер кој е автор на вториот најубав гол во кампањата.

На дуелот против Пик Сегед во Скопје, Дисингер доби топка од Чупиќ која на магичен начин ја спроведе во голот на Миклер.

Инаку за најдобра мајсторија е прогласена на Нахи од ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни